ЕВРОПСКАТА УНИЈА ГИ ПРИФАТИ ВОЗАЧИТЕ НА КАМИОНИ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЦИ Николоски објави дел од нацрт Стратегијата за визи на Унијата

Европската Унија вчера најави дека денеска ќе ја објави нацрт Стратегијата за визи во која е наведено дека возачите на камиони ќе се признаат како професионалци.

1,188

Европската Унија ги прифаќа возачите на камиони како професионалци со што се решава проблемот на  превозниците, објави министерот за транспорт и врски Александар Николоски на Фејсбук и сподели делови од нацрт Стратегијата за визи која, како што беше најавено, унијата ја објави денеска.

„Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме.





По протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи“ напиша Николоски.
Тој им се заблагодари на сите пријатели на Македонија кои помогнаа за решавање на проблемот.

Поврзани содржини