ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЈА НАМАЛИ ГОРНАТА ГРАНИЦА ЗА ЦЕНАТА НА РУСКАТА НАФТА Од 1 февруари барелот ќе чини 44 долари

Претходно, од 3 септември 2025 година, горната граница на цената на руската нафта беше поставена на 47,6 американски долари за барел, што претставува намалување во споредба со претходните 60 долари.

0

Европската Унија ја намали горната граница на цената на руската нафта. Цената ќе важи од 1 февруари годинава. Одлуката е објавена во Имплементациската регулатива на веб-страницата на Европската комисија.

Оваа мерка Унијата ја воведе како санкција за рускиот напад на Украина.






Во документот се наведува дека цената од 47,6 американски долари за барел ќе се применува до 31 јануари, додека од 1 февруари горната граница ќе се намали на 44,1 долари за барел. Сепак, преодниот период ќе остане на сила до 16 април 2026 година, дозволувајќи плаќања од 47,6 долари за барел според договори склучени пред 1 февруари 2026 година.

Претходно, од 3 септември 2025 година, горната граница на цената на руската нафта беше поставена на 47,6 американски долари за барел, што претставува намалување во споредба со претходните 60 долари.

Поврзани содржини