ЕВРОПСКАТА ОДБРАНА НЕМА ЕФИКАСНОСТ АКО КОРИСТИ РАЗЛИЧНО ОРУЖЈЕ Брзо ќе се формира европската одбранбена унија
Ако и натаму користиме 150 различни системи на вооружување во Европа кои не се компатибилни едни со други, можеме да ги потрошиме сите пари во светот, но нема да бидеме доволно ефикасни, вели германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
За европската одбранбена унија веќе не е прашање „дали“ туку „за колку брзо“ ќе биде формирана, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
На конференцијата „Европа 2025“ за европскиот суверенитет, Бербок рече дека европската одбранбена индустрија сè уште има национален карактер и поради тоа е многу неефикасна.
– Ако и натаму користиме 150 различни системи на вооружување во Европа кои не се компатибилни едни со други, можеме да ги потрошиме сите пари во светот, но нема да бидеме доволно ефикасни. Поради тоа верувам дека европската одбранбена унија не е прашање дали, туку за колку брзо ќе ја оствариме – рече додаде Бербок.