Европската комисија се изјасни: Членките сами одлучуваат за задолжителната вакцинирање
Брисел повторува дека целта од 70 проценти од вакцинираната возрасна популација во ЕУ е остварлива до крајот на јули, бидејќи доволен број вакцини се доставени до земјите-членки.
На националното законодавство е да одлучи дали вакцинацијата против ковид-19 ќе биде задолжителна или неопходна во одредени случаи. Европската комисија нема надлежност за тоа, изјави денеска портпаролот на ЕК, Стефан де Керсмакер.
Во врска со различните ставови низ цела ЕУ за обврската за вакцинирање против ковид-19, односно неопходноста од докажување за вакцинација со цел да се извршат одредени дејствија, како што се патување со авион или влегување во ресторани, ЕК вели дека останува на државите да донесуваат одлуки во рамките на нивните кампањи за вакцинација.
– Во исто време, ја нагласуваме важноста да се продолжи со вакцинирањето на граѓаните. Тоа е најдобриот начин да се најде начин за излез од оваа пандемија. И тоа е особено важно за оние кои се во ранливите групи и имаат поголем ризик од заразување со нови видови – вели Керсмејкер.
Брисел повторува дека целта од 70 проценти од вакцинираната возрасна популација во ЕУ е остварлива до крајот на јули, бидејќи доволен број вакцини се доставени до земјите-членки.
– Но, останува и на самите држави да ја извршат вакцинацијата – заклучуваат во Брисел.