ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОТВОРИ АНТИМОНОПОЛСКА ИСТРАГА ПРОТИВ ГУГЛ Без прашање користи туѓи содржини за развој на својата вештачка интелигенција
Истрагата треба да утврди дали Гугл земал туѓи текстови, вести и содржини од интернет, кои не се негови, за да ги користи во своите нови одговори со вештачка интелигенција и дали Гугл ги користел видеата од Јутјуб, кои ги поставиле обични луѓе и креатори, за да ги тренира своите вештачки интелигенции, без да праша или да плати за тоа.
Европската комисија покрена истрага за заштита на конкуренцијата против американскиот технолошки гигант Гугл. Истрагата се однесува на користењето онлајн содржини за генерирање резултати од пребарување преку вештачка интелигенција (ВИ), како и за употреба на видеата поставени на платформата „Јутјуб“ за тренирање модели на ВИ.
Истрагата треба да утврди дали Гугл земал туѓи текстови, вести и содржини од интернет, кои не се негови, за да ги користи во своите нови одговори со вештачка интелигенција и дали Гугл ги користел видеата од Јутјуб, кои ги поставиле обични луѓе и креатори, за да ги тренира своите вештачки интелигенции, без да праша или да плати за тоа.
Истрагата ќе процени дали Гугл ги прекршува правилата на ЕУ за фер конкуренција со тоа што не им дава соодветна компензација на креаторите или не им нуди можност да го одбијат користењето на нивната содржина за резимеа генерирани од ВИ, без притоа да го изгубат пристапот до пребарувачот на Гугл, соопшти Комисијата.
„Многу креатори на содржини зависат од пребарувачот на Гугл за сообраќај од корисниците и не сакаат да ризикуваат да го изгубат пристапот до него“, се вели во соопштението на ЕК.
Комисијата нагласи дека покренувањето истрага за да се процени дали Гугл можеби ги прекршува правилата на ЕУ за фер конкуренција со злоупотреба на доминантната позиција на пазарот, не прејудицира за исходот од истрагата.