ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ЈА НАМАЛИ ОСНОВНАТА КАМАТА НА 3,5% Дали Народна банка ќе го следи примерот?

Како што е наведено, ЕЦБ очекува стапката на инфлација во еврозоната да биде 2,5% во 2024 година и да падне на 2,2% во 2025 година и 1,9% во 2026 година, што е исто како и во јунската прогноза.

261

Европската централна банка (ЕЦБ) ја намали основната каматната стапка за 25 базични поени на 3,5%.

Овој потег, кој беше очекуван, следеше по период на бавен економски раст во еврозоната и пад на инфлацијата, која во август се приближи до целта на централната банка од 2%.






„Условите за финансирање остануваат рестриктивни, а економската активност останува пригушена, како одраз на слабата приватна потрошувачка и инвестиции“, се вели во соопштението на Банката.

Како што е наведено, ЕЦБ очекува стапката на инфлација во еврозоната да биде 2,5% во 2024 година и да падне на 2,2% во 2025 година и 1,9% во 2026 година, што е исто како и во јунската прогноза.

Европската централна банка очекува економски раст на еврозоната во 2024 година од 0,8% и забрзување до 1,3% во 2025 година и 1,5% во 2026 година, што е нешто помалку од јунската прогноза.

Вообичаено Народна банка ги следи промените на основната каматна стапка на Европската централна банка. Дали тоа ќе се случи и овој пат ќе видиме наскоро.

 

Поврзани содржини