Европска агенција за лекови: Две дози вакцина против делта варијатната на коронавирусот

„Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против ковид-19 за соодветна заштита од варијантата делта“, се вели во соопштението на ЕМА.

610

Потребни се две дози на вакцина за  заштита од делта варијанта на коронавирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта делта забрзано се шири низ целиот свет.






„Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против ковид-19 за соодветна заштита од варијантата делта“, се вели во соопштението на ЕМА.

„Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека.

Поврзани содржини