Европратеникот Ковачев: Таткото Димитров напишал дека Македонците биле Бугари

2,281

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев денес, како што пренесуваат бугарски медиуми, објавил дел од книгата „Име и ум“ објавена во 1999 година, од Димитар Димитров, поранешен министер за култура на Македонија и татко на сегашниот вицепремиер за европски прашања и како што вели дипломат број 1, Никола Димитров.

Ковачев го цитира најважниот заклучок во книгата на Д. Димитров, пренесува БГНЕС.






Тој се осврнал на вчерашното интервју на Никола Димитров со оценка, како што пренесува БГНЕС, дека уште еднаш изнел неосновани обвинувања против позицијата на Бугарија за почеток на преговорите за Македонија за членство во ЕУ.

Во ТВ-интервјуто, вели Ковачев, Димитров на моменти користел недипломатски јазик, што е апсолутно неприфатливо за земја-кандидат да започне преговори за членство во ЕУ.

Поврзани содржини