ЕВРОПРАТЕНИЦИ ЗАТАЛКАА ВО „ДИЗНИЛЕНД“ Грешка во железничката сигнализација

Возот бил пренасочен кон Париз поради грешка во комуникацијата во станицата „Роаси-Шарл де Гол“.

207

Членови на Европскиот парламент (ЕП) и нивни соработници непланирано отпатува во „Дизниленд“, забавниот парк во близина на Париз, поради грешка во сигнализацијата за возот во кој патувале, соопшти Француската национална железничка компанија.

Европратениците патувале од Брисел, Белгија, до Стразбур, Франција, на пленарна седница закажана за во понеделникот… И, во еден миг се нашле меѓу хотелот „Арт оф Марвел“ и „Мејн стрит УСА“ во забавниот парк. Возот, според надлежните, бил пренасочен кон Париз поради грешка во комуникацијата во станицата „Роаси-Шарл де Гол“.






Европратениците се пошегуваа за настанот на социјалните мрежи:

Холандската европратеничка Самира Рафаела објави фотографија од себе и својот колега Мохамед Чахим, во кафе-вагонот на возот. Коментарот до сликата гласи: „Тим Дизниленд“.

Германскиот пратеник Даниел Фројнд, пак, појасни дека тоа не било собранието на Мики Маус.

Поврзани содржини