ЕВРОПРАТЕНИЦИ БАРААТ МОНИТОРИНГ НА СЛУЧАЈОТ КАМЧЕВ Одговори се бараат преку Делегацијата на ЕУ во Скопје и од Европската комисија

Прашањата кои пратениците ги покренуваат до Европската комисија се однесуваат на тоа како Европската комисија планира да ја насочи поддршката на Европската Унија за Северна Македонија доколку постои континуирано кршење на човековите права во земјата и докази за полициска бруталност.

822

Четворица пратеници на Европскиот парламент покренуваат прашања до Европската комисија во врска со незаконскиот притвор на Јордан Камчев и континуираното кршење на неговите основни човекови права.

Прашањата кои тие ги покренуваат до Европската комисија се однесуваат на тоа како Европската комисија планира да ја насочи поддршката на Европската Унија за Северна Македонија доколку постои континуирано кршење на човековите права во земјата и докази за полициска бруталност.






Во тој контекст, четворицата пратеници на Европскиот парламент поставуваат конкретни прашања пред Европската комисија за случајот против Јордан Камчев кој е обвинет за финансиски мотивирани, ненасилни злосторства, но е притворен под животозагрозувачки услови и покрај тоа што боледува од вродена срцева болест. Постапката укажува на незаконски контекст (жалба за белешка од тајната служба, потенцијално пристрасен одговорен обвинител, 8 продолжувања на 30-дневен притвор, злоупотреба на фотографии од притворениот на неодамнешните избори од страна на владејачката партија…). Дополнително, неразбирлива е и одлуката покрај независните медицински препораки властите да одбијат да го преместат притвореникот во домашен притвор.

Во истите прашања тие потсетуваат и на пресудата на Европскиот суд за човекови права против С Македонија за докажана мотивирана полициска бруталност во случајот со г-дин Фатмир Мемедов.

Во прашалникот до Европската комисија овие четворица пратеници бараат мониторинг на случајот против Јордан Камчев преку Делегацијата на ЕУ во Скопје и бараат конкретни одговори на прашањата во однос на тоа како Комисијата планира да ја насочи поддршката на ЕУ за Северна Македонија со цел да се елиминира повторно кршење на човековите права.

„На кој начин Комисијата ќе го поддржи унапредувањето на полициските методи во Северна Македонија со оглед на доказите за расистички мотивирана полициска бруталност? Дали Комисијата ќе ја следи постапката на г-дин Камчев од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и ќе ги повика властите во Северна Македонија целосно да ја почитуваат Европската конвенција за човекови права?“, прашуваат европратениците.

Поврзани содржини