Европратеници бараат да се укинат забраните за извоз на медицинска опрема кон Балканот

Европската Комисија одлучи дека изземени од рестрикциите ќе бидат само Обединетото Кралство, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Ватикан и Андора, но не и западниот Балкан.

824

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук, и други европратеници и испратија писмо на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое бараат западниот Балкан да биде изземен од рестрикциите за извоз на заштитна медицинска опрема од ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија одлучи дека изземени од рестрикциите ќе бидат само Обединетото Кралство, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Ватикан и Андора, но не и западниот Балкан.






„Рестрикциите за извоз на медицинска опрема може да имаат сериозни последици за западниот Балкан. Здравствените системи во овие земји се генерално послаби, затоа граѓаните од западниот Балкан имаат потреба од засилена заштита од ЕУ“, пишува Ќучук до Фон дер Лајен.

Поврзани содржини