Европол: Мафијата би можела да навлезе во европските економски мрежи
Мафијашките кланови им нудат помош и услуги на семејствата со цел да се стекнат со удел во компаниите. Мафијата со корупција се обидува да стигне и до државните работи - изјави Виторио Рици.
Европол предупреди дека криминалните организации би можеле да ја искористат кризата со новиот коронавирус за подлабоко да продрат во европските економски мрежи.
Европол наведува дека поради кризата и проблемите со ликвидноста на фирмите, криминалните организации би можеле да ги снабдат компаниите со илегални пари.
На состанокот организиран од Италија, беше посочено дека постои и конкретна опасност мафијашките групи да се збогатат преку лихварство.
Италија е прва држава во која е формирана посебна единица, која ќе развие стратегија да ја спречи мафијата да продре во легалната економија.
– Мафијашките кланови им нудат помош и услуги на семејствата со цел да се стекнат со удел во компаниите. Мафијата со корупција се обидува да стигне и до државните работи – изјави Виторио Рици.