ЕВРОПЕЈЦИТЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ЦАРИНА ОД 17,4 ДО 37,6 ЗА КИНЕСКИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА Европската комисија воведе привремени царински стапки

Европската комисија сооопшти дека уште преговара со кинеската страна околу состојбата.

243

Европската комисија денеска воведе привремени повисоки царини за увоз на електрични возила од Кина со најава дека разговорите со Пекинг околу нефер субвенционирањето на производството уште траат.

За автомобилите BYD ќе се плаќа царина од 17,4%,  за  Geely ќе се  плаќа 19,9%,  додека за  SAIC  37,6%.






Другите кинески производители на автомобили ќе плаќаат тарифи од 20,8%, додека компаниите кои не соработувале во истрагата за субвенционирање на ЕУ се соочуваат со царини од 37,6%.

Примената на овие привремени царини ќе почне од утре и ќе трае максимално четири месеци, во кој период мора да биде донесена конечна одлука од земјите членки на ЕУ за дефинитивната висина на царината за кинеските електромобили, што ќе важи за период од 5 години.

Поврзани содржини