ЕВРОПЕЈЦИТЕ ЈА ПРЕФЕРИРААТ МЕРКЕЛ ПРЕД МАКРОН Канцеларката за претседателка на ЕУ

Во сите 12 земји кои биле опфатени со новото истражување, вклучително и Франција, повеќето се за Меркел отколку за Макрон, само што тоа мнозинство во некои земји е помало, објави Европскиот совет за надворешни работи.

239

На хипотетичкото прашање за кого би гласале за „претседател на ЕУ“, ако Ангела Меркел и Емануел Макрон би биле единствени кандидати, повеќе од половина испитаници во Холандија, Шпанија и во Португалија одговориле дека ја сакаат германската канцеларка во заминување. Во сите 12 земји кои биле опфатени со новото истражување, вклучително и Франција, повеќето се за Меркел отколку за Макрон, само што тоа мнозинство во некои земји е помало, објави Европскиот совет за надворешни работи.

Вкупно гледано, за Меркел би гласале 41 отсто од испитаниците, додека за Макрон само 14 отсто, покажало истражувањето на независниот тинк-тенк.






Во истражувањето се наведува и дека поддршката за Ангела Меркел се разликува од земја до земја, па на пример во Холандија за 27 процентни поени е поголема отколку во Бугарија. Истражувањето покажало дека попрвин би гласале за Меркел, отколку за Макрон 58 отсто Холанѓани, 57 отсто Шпанци и 52 отсто Португалци.

Од друга страна, во Бугарија за Меркел би гласале 31 отсто испитаници, а за францускиот претседател 12 отсто, додека останатите или не би гласале или не знаат за кого би гласале. За Макрон најмногу би гласале во Унгарија 24 отсто, но сепак помалку отколку за Меркел на која својот глас на хипотетичките избори за претседател на Унијата би го дале 44 отсто Унгарци. За Макрон би гласале помалку од 10 отсто од граѓаните во Холандија, Шпанија, Италија и во Полска.

– Изгледа дека канцеларката со својот технократски стил на водење на земјата ја добила довербата на Европејците многу повеќе од Макрон со своите визионерски говори – велат од Европскиот совет за надворешни работи.

Независната истражувачка организација укажува дека поддршката за Ангела Меркел е голема и кај нордиските членки на ЕУ и кај тие од југот на блокот кои вообичаено имаат целосно спротивни ставови за многу прашања за европската политика, посебно за економијата и финансиите.

-Изгледа дека таа успеала да ја пренесе пораката дека е посветена на решавање на загриженоста на двете страни, позиционирајќи ја така Германија како сила која обединува, наведуваат од организацијата.

Кога станува збор за позицијата на Германија после „ерата на Ангела Меркел“ третина од испитаниците од 12 земји сметаат дека „германскиот златен период“ е минато. Петина испитаници мислат дека ерата на канцеларката го означува врвот на просперитетот на Германија, односно се согласуваат дека Германија сега го живее своето „златно време“, а десетина сметаат дека тоа време допрва ќе дојде.

Поврзани содржини