Европа со едноминутно молчење им оддаде почит на жртвите од ковид-19

Голем број автобуси и возови го запреа движењето во Берлин, а слична акција се одржа и во Будимпешта.

265

Десетици европски градови денеска на пладне со едноминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на пандемијата на коронавирусот.

Организаторот Евроситис соопшти дека повеќето од 200 градови во речиси 40 земји организирале свои настани за комеморација.






Голем број автобуси и возови го запреа движењето во Берлин, а слична акција се одржа и во Будимпешта.

Штутгарт најави дека црковните sвона нема да се огласат напладне. На други места, седниците на Градскиот совет беа прекинати.

Раководителот на мрежата Евроситис и градоначалник на Фиренца, Дарио Нардела се обрати во директен пренос и им оддаде почит на жртвите на ковид-19

Поврзани содржини