ЕВРОПА СЕ ПРЕФРЛА НА АМЕРИКАНСКИ ГАС Годинава ќе купи 15 милијарди кубни метри течен гас
Европските нации се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива по инвазијата на Москва на Украина.
Се очекува Европската унија да објави договор со кој САД ќе ја снабдуваат со повеќе резерви на течен природен гас (LNG) за да го заменат рускиот увоз.
САД треба да обезбедат најмалку 15 милијарди кубни метри ЛНГ до крајот на годината, пренесува Ал Џезира.
Европските нации се обидуваат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива по инвазијата на Москва на Украина.
ЕУ вети дека ќе ја намали употребата на руски гас за две третини оваа година преку увоз од други земји и зголемување на обновливата енергија.
Синоќа белгискиот премиер Александар де Кро го поздрави потегот велејќи дека тоа ќе помогне да се намалат цените на гасот во Европа.