ЕВРОПА ПРЕД ЗАСТОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА Рецесијата чука на вратата, гас нема

Планот на ЕУ е постапно да се зголемуваат каматните стапки за растот на цените да забави до 2 осто во 2024 година. Тоа сепак не ја намалува можноста за рецесија која е 50-50 или поточно, 45 отсто. Недостигот на гасот и инфлацијата го направија своето. Падот на еврото ќе им одговара само на оние трговци кои извезуваат надвор од ЕУ. Земјите пак, кои својот надворешен долг го плаќаат во долари, сега ќе имаат повеќе пари за враќање.

922

Ризикот од рецесија во еврозоната расте, предупредија во вторникот економистите анкетирани од Блумберг, наведувајќи ги како причина недостигот на природен гас и инфлацијата, која останува на рекордно ниво. Рецесија, во буквален превод, значи застој на економијата.

– Претпоставуваме рецесија врз основа на веќе спроведеното нафтено ембарго и ефектот од повисоките цени на инпутот врз индустријата – изјави за агенцијата Ерик-Јан ван Харн, стратег во Рабобанк.






– Германската економија веќе забавува и трендот е очигледно надолен – додаде експертот.

Веројатноста за значително намалување, наводно, се искачи на 45 отсто од 30 отсто, за цели 20 отсто од пред започнувањето на руската воена операција во Украина, што доведе до санкции кон Москва и намалување на руските енергетски текови, главно до Германија.

Зголемените трошоци за живот ширум Европа ги повредуваат бизнисите и потрошувачите, кои уште од излегувањето од пандемијата имаат зголемени трошоци, како во времето пред пандемијата. Сега, војната во Украина и намалениот гас се закана дека тие ќе морат да штедат на греењето оваа зима.

Аналитичарите сè уште ја следат инфлацијата во еврозоната која достигнува врв во тековниот квартал. Прогнозите за инфлација беа зголемени од претходната анкета, иако растот на цените сè уште се очекува да забави до целта на Европската централна банка од 2 отсто во 2024 година. Планот е постапно да се зголемуваат каматните стапки.

Оние што извезуваат ќаруваат, оние што увезуваат не

Ефектот од падот на евро е различен за оние кои извезуваат и оние кои увезуваат. Првите, ќе имааат корист, бидејќи нивните цени стануваат поконкурентни кога ќе се претворат во доалри, објаснува Филип Мутриси, директор за истражување во банката „Bpifrance“.

Спротивно на тоа, бизнисите ориентирани кон увоз се во неповолна положба. Во случајот на локалните занаетчии, кои се зависни од суровини и енергија, но малку извезуваат, послабото евро може да доведе до вистинска експлозија на трошоците.
Најголем добитник од падот на девизниот курс на еврото се извозно ориентираните производствени сектори како што се воздушната, автомобилската, луксузната стока и хемиската индустрија.

фото: твитер/принтскрин

Главните играчи купуваат однапред

– Главните играчи се сепак „подобро подготвени за шокови“ бидејќи можат да се заштитат од флуктуации во трговијата – вели Мутриси.

– Тие однапред купуваат девизи по поволни стапки за да ги амортизираат од острите промени на девизниот курс – додава тој.

Лажен раст и отплаќање на долгови во долари

Падот на вредноста на еврото во време на војна ќе ги направи цените надвор од зоната на единствената валута поконкурентни, што теоретски обезбедува поттик за извозот на европски стоки и услуги во странство. Но, позитивниот ефект може да се ублажи со зголемувањето на цените на стоките откако војната ќе заврши, особено во извозно ориентирани економии, како што е Германија.

Ефектот врз отплатата на долгот е помалку јасен. За земјите кои издаваат долг деноминиран во долари, падот на вредноста на еврото во однос на доларот ги зголемува трошоците за отплата на долгот.

Плусинфо претходно пишуваше дека до крајот на годината 15 земји во развој би можеле да банкротираат поради тоа што нема да можат да ги отплаќаат своите странски долгови. Кризата се чини, го обиколи светот. Инфлацијата се ближи до двоцифрена бројка во многу западни земји, но во Турција изнесува неверојатни 79 осто, а во Аргентина 60,7 отсто. Еве како стојат бројките во некои од земјите.

Аргентина

Веднаш по масовните демонстрации во Шри Ланка, слични беа организирани и во Аргентина. Инфлацијата во таа земја годинава достигна 60,7 отсто, а каматните стапки 52 отсто. Поради оваа причина, илјадници демонстранти ја повикаа владата да поднесе оставка. Слично нешто се случи и во Панама, каде протестите започнаа во јули. Главните барања се речиси идентични – повисоки плати, пониски цени на стоките и намалување на каматната стапка.

Албанија

Во исто време, илјадници Албанци маршираа неодамна во Тирана, барајќи од владата да поднесе оставка поради корупција и огромно зголемување на трошоците за живот. Албанската централна банка објави зголемување на каматната стапка од 1,25 отсто, додека во јуни е забележана инфлација од 6,7 отсто.

Босна и Херцеговина

Покрај Албанија, на улица излегоа и граѓаните на Босна и Херцеговина за да испратат јасна порака – инфлацијата ги изеде платите, а дополнителни средства нема. Демонстрантите бараа суспензија на акцизите за гориво и воведување нулта даночна стапка за основните прехранбени производи.

Како што неодамна за нашиот весник истакнаа некои граѓани на БиХ, една плата веќе не е доволна за покривање на животните трошоци.

Турција

Инфлацијата во Турција минатиот месец изнесуваше околу 79 отсто, највисокото ниво забележано во земјата во последниот четврт век. Цените на транспортот скокнаа во јуни за 123,37 отсто во однос на претходната година, додека храната и безалкохолните пијалоци поскапеа за 93,93 отсто, покажуваат податоците на Владата.

Во последниве години, претседателот Реџеп Таип Ердоган се спротивстави на какво било зголемување на каматните стапки за да се залади инфлацијата, велејќи дека каматните стапки се „мајката на сите зла“. Последиците од таа политика се ненадеен пад на турската лира и значителна ерозија на потрошувачката моќ на просечниот вработен во Турција.

Чешка

Во Чешка, во март, инфлацијата достигна 12,7 отсто во споредба со истиот период минатата година и е највисока од мај 1998 година, кога изнесуваше 13 отсто, објави Државниот завод за статистика. Инфлацијата се случи поради горивото, кое поскапе за 50 отсто од пред една година, гасот поскапе за 37,7 отсто, струјата поскапе за 24,7 отсто, трошоците за одржување на становите за 16,4 отсто и греењето и топлата вода што сега ги плаќаат Чесите се 13,9 отсто поголеми отколку во март 2021 година.

Велика Британија

Годишната стапка на инфлација во Обединетото Кралство го достигна највисокото ниво во последните 40 години, бидејќи руската инвазија на Украина поттикна дополнително зголемување на цените на храната и горивото.

Инфлацијата во Велика Британија во март беше 7,0 отсто и беше највисока од 1982 година. Скокот на инфлацијата ќе го зголеми притисокот врз владата да ја ублажи кризата за која економистите предвидуваат дека ќе доведе до најголем пад на животниот стандард од 1950-тите.

САД и Германија

Со ист проблем се соочуваат и САД и Германија, со стапки на инфлација од 8,6 и 7,9 отсто. Германските власти постојано ги повикуваат граѓаните да ги земат предвид трошоците, бидејќи светот го очекува најголемата криза од Втората светска војна.

САД, од друга страна, ги зголемуваат каматните стапки со надеж дека ќе ја смират потрошувачката и растот доволно за да ја задржат инфлацијата без да ја туркаат економијата во рецесија.

Поврзани содржини
na