📽️ ЕВРОПА НЕМА ДА БИДЕ СРЕЌНА Трамп со целосна поддршка за Орбан
Трамп отворено застана зад Орбан на средба во Вашингтон, пофалувајќи ја неговата политика за имиграција.
Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја изрази својата најсилна поддршка досега за унгарскиот премиер Виктор Орбан, на средба одржана во Вашингтон во рамки на иницијативата „Одбор за мир“.
Трамп пред присутните лидери порача дека неговата поддршка за Орбан е „целосна и тотална“, иако, како што рече, таквиот став не наидува на одобрување кај сите во Европа.
– Не секој во Европа ја сака таа поддршка, но тоа е во ред – изјави Трамп.
Американскиот претседател го пофали Орбан за неговата политика, особено во делот на миграцијата.
– Тој прави неверојатна работа. Направил извонредна работа со имиграцијата – рече Трамп.