Европа на солзите не им верува!?

Исто, како и кај Черних – желбите не се сразмерни со можностите! На сплетките и интригите во Москва се опекоа трите наивни девојки, а ние се опековме на Брисел – подеднакво наивни, лесноверни, брзоплети …

1,607

„Москва слазем не верит“!

Москва на солзите не им верува!






Тоа е делото на Валентин Константинович Черних, кое, по негово сценарио, беше преточено во прекрасен филм за трите млади девојки од провинција: Људмила, Антонина и Катерина што доаѓаат во Москва да си ја испробаат својата среќа, на семеен и љубовен план.

Но, како што обично бидува, желбите не се сразмерни со можностите!

И, ете ја приказната за сплетките и интригите, приказната преточена во овој текст како сторија под нов наслов: Европа на солзите не им верува!

Исто, како и кај Черних – желбите не се сразмерни со можностите! На сплетките и интригите во Москва се опекоа трите наивни девојки, а ние се опековме на Брисел – подеднакво наивни, лесноверни, брзоплети …

Така завршуваа сите кои ветуваат, или се надеваат на „лесно ветени брзини!“.

Да изјавите денеска дека Европа „веќе чувствува колку погрешила кон нас!“, е повеќе од наивност. Во политиката нема чувства, има само интереси.

Тоа е помалку и неукост. Задоцнетото јуначење, откако малку не потапкаа по рамениците, за нашите црвени линии, само уште повеќе ги забетонира бугарските ровови.

Брзоплетоста и наивноста не се добри другарки во политиката!

– Бугарија останува доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истовремено почитувајќи го критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја и почитувајќи ги основните вредности на заедницата, како што е добрососедство – се огласи од Столицата техничкиот министер за надворешни работи Стоев.

Се огласи, од заеднича прес-конференција со Вархеи и португалскиот шеф на дипломатијата Силва, а ние се понадевавме дека, ете, ДВОЕЦОТ БЕЗ КОРМИЛАР, Вархеи – Силва, ќе ги раздрма софијаните, затоа што од премиерот добивме охрабрување, оти португалското претседателство ќе смисли некаква „креативна стратегија!“.

За жал европјаните не се „креативци!“ до степен како што ние го применуваме правото, кога од затвор вадиме криминалци да ни гласаат закони!

Ако може да им се верува на колегите од Софија, целата креативност била во тоа што документот од Лисабон, ги повторува предлозите од германското претседателство кои се отфрлени на крајот на минатата година.

Бугарија останува доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истовремено почитувајќи го критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја и почитувајќи ги основните вредности на заедницата, како што е добрососедство, изјави Стоев.

Софија повтори дека на добрососедските односи гледа само како на добивање потребни гаранции за спроведување на Договорот од 2017 година.

Толку од креативноста. Како што рече драгиот Вархеи, „политичките консултации со Софија се клучни“, а за тамошното раководство „предлозите на португалското претседателство се неприфатливи“, демек, „го враќале процесот назад“, така што до формирањето на идната редовна влада во Столицата, ние ќе си останеме со коцката мраз, со која бриселската бирократија ни ги подзамачка очите.

Софија кажа јасно – нема промена во бугарската национална позиција.

Тоа со финтата – на Бугарите „да им дадеме гаранции низ Процесот за стабилизација и асоцијација“, беше однапред осудено на неуспех.

Надевање лудо радовање!

Шефот на нашата дипломатија, мајтапчиите (хуморот, досетките и мајтапите се последната татковина!), неоправдано, го прекрстија во Бугар Османи. Човекот толку може.

Политичкиот итрец, ветеранот Џевдет Хајредини вели дека во нашата политика стандард е да постанеш функционер за да не одиш во затвор!

Ете, не откачи и Валентина. „Во овој момент!“, дури и таа не може да го советува Бујара. Ама, му ги подаде рацете широкоградо – „за некоја следна прилика!“.

Ќе чекаме, ако воопшто некој пат – дочекаме!

Поврзани содржини