ЕВРОПА МОЖЕ БЕЗ РУСКИОТ ГАС Европската комисија не очекува последици од прекинот на транзитот на гас преку Украина

Европската инфраструктура за пренос на гас е доволно флексибилна за да обезбеди гас од неруско потекло за Централна и за Источна Европа преку други рути, изјави денеска претставник на Европската комисија.

465

Европската комисија ја отфрли можноста за значителни последици од денешниот прекин на транзитот на руски гас преку Украина, наведувајќи дека тоа се очекувало и дека Европската унија е подготвена.

– Европската инфраструктура за пренос на гас е доволно флексибилна за да обезбеди гас од неруско потекло за Централна и Источна Европа преку други рути. Од 2022 година ја зајакнавме нашата мрежа со значителни нови можности за увоз на течен природен гас – изјави денеска претставник на Европската комисија, пренесува БТА.






Украинското министерство за енергетика претходно соопшти дека утрово го прекина транспортот на руски гас низ земјата.

„Во 7 часот, во интерес на националната безбедност, беше прекинат транспортот на руски природен гас преку територијата на Украина“, соопшти украинското Министерство.

Во соопштението се наведува дека Украина за ова ги известила меѓународните партнери, согласно утврдената процедура.

„Го запревме транзитот на руски гас, одбележувајќи историски настан. Русија ги губи пазарите и ќе се соочи со финансиски загуби. Европа веќе одлучи да се откаже од рускиот гас“, наведе украинското министерство за енергетика.

Поврзани содржини