ЕВРОПА И САД ГО ЗАЈАКНУВААТ АРКТИКОТ Тајната мисија на НАТО ја зголемува тензијата
НАТО започна планирање на нова воена мисија „Арктичка стража“ за зајакнување на присуството во Арктикот и обезбедување на безбедноста на регионот. Сè уште не е познато дали министрите за одбрана ќе дебатираат на 12 февруари.
Портпаролот на Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (СХАПЕ) денеска соопшти дека НАТО започнал со планирање на нова воена мисија под името „Арктичка стража“.
– Во тек е планирање на зголемени активности на НАТО наречена Арктичка стража – изјави полковник Мартин Л. О’Донел, без да наведе повеќе детали за оперативата.
Германскиот весник „Шпигел“ објави дека целта на планираните активности е зајакнување на присуството на Алијансата во Арктикот и обезбедување на безбедноста на регионот, каде територија имаат седум земји-членки на НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по минатомесечната средба во Давос со американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека се разговарало за можности за заедничка работа на сојузниците во Алијансата за осигурување на безбедноста на Арктикот.
– Според правилата, НАТО има овластување да планира и спроведува активности за зголемена будност – изјави врховниот командант на сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Гринкевич.
Сè уште не е познато дали министрите за одбрана на НАТО ќе дебатираат за ова прашање на состанокот во Брисел, закажан на 12 февруари.