ЕВРОПА ГО ОДОБРИ ФАЈЗЕР ЗА ДЕЦА ОД 5 ДО 11 ГОДИНИ Дозата пониска, ефективноста висока

„Фајзер“ претходно беше одобрена во ЕУ за употреба кај возрасни и деца на возраст од 12 години и постари. Кај децата од 5 до 11 години таа ќе се дава во две дози во меѓупериод од три недели.

280

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача вакцината „Фајзер“ да биде одобрена за деца на возраст од 5 до 11 години, пишува Новости. Студијата покажала дека имунолошкиот ефект кај помладите деца е ист со оние меѓу 16 и 25 години, но дозата треба да биде помала. Ефективноста на вакцината кај децата е висока и изнесува 90,7 отсто.

„Фајзер“ претходно беше одобрена во ЕУ за употреба кај возрасни и деца на возраст од 12 години и постари. Кај децата од 5 до 11 години таа ќе се дава во две дози во меѓупериод од три недели.






За време на студијата, било забележано и дека од 1.305 деца кои ја примиле вакцината, три развиле ковид-19 во споредба со 16 од 663 деца кои примиле плацебо.

Најчестите несакани ефекти кај децата на возраст од 5 до 11 години се слични на оние кај луѓето на возраст од 12 и повеќе години и вклучуваат болка, црвенило или оток на местото на инјектирање, замор, главоболка, болки во мускулите и треска.

Овие ефекти се обично благи или умерени и престануваат во рок од неколку дена по вакцинацијата, велат од ЕМА.

Поврзани содржини