Европската комисија планира да ја продолжи забраната за сите патувања кои не се неопходни во ЕУ до крајот на месецов, а потоа постепено да ја укинува. Ограничувањата беа воведени на средината на март.
Од Европската комисија велат дека ова е последното продолжување на ограничувањата за патувања кои требаше да завршат на 15 јуни. Брисел во соопштение наведува дека до крајот на месецов ќе почне со „прогресивно“ отстранување на ограничувањата, објави Дојче веле.
„Ограничувањата ќе бидат тргнати за земјите кои ќе бидат заеднички одбрани од земјите-членки врз основа на принципи и објективни критериуми како здравствената ситуација, способноста да се спроведат превентивни мерки и реципроцитет“, соопшти Комисијата.
– Меѓународното патување е клучно за туризмот и за бизнисот, како и за спојување на семејствата и пријателите. Иако мора да останеме претпазливи, дојде време за да се направат конкретни подготовки за отстранување на ограничувањата со оние земји кај кои здравствената ситуација е слична на онаа во ЕУ и за продолжување на визните операции- вели комесарката за домашни работи на ЕУ Илва Јохансон.
Според еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, ЕК предлага од 1 јули веднаш да се отстранат ограничувањата за сите земји од Западниот Балкан, вклучително и Северна Македонија.
.@EU_Commission also recommends to lift travel restrictions for 🇦🇱 🇧🇦 🇽🇰 🇲🇪 🇲🇰 🇷🇸 as of 1 July, as their epidemiological situation is similar or better than that of #EU. This follows our readiness to closely associate #WesternBalkans w EU roadmap to lift containment measures. https://t.co/VqpPS6GH6f
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) June 11, 2020