ЕВРОПА ЌЕ ЈА ПЛАТИ ЦЕНАТА Трамп најави високи царини за ЕУ ако стане претседател

Републиканскиот кандидат планира да воведе 10 отсто царина на увозот од сите земји и 60 отсто царина на увозот од Кина. Тој истакна дека европејците не ги купуваат американските автомобили, а продаваат милиони свои автомобили во САД.

485

Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите на 5 ноември Европската Унија ќе треба да „плати висока цена“ поради тоа што не купува доволно американски стоки.

– Видете што ќе ви кажам: Европска Унија звучи прекрасно, нели? Сите убави мали европски држави собрани заедно – рече тој на митинг во Пенсилванија, најавувајќи дека ќе воведе „Закон на Трамп за реципрочна трговија“.






Трамп продолжи и рече дека европејците не ги купуваат американските автомобили, а продаваат милиони свои автомобили во САД.

– Не, не, не, тие ќе мораат да платат висока цена – истакна Трамп.

Републиканскиот кандидат планира да воведе 10 отсто царина на увозот од сите земји и 60 отсто царина на увозот од Кина.

Ова би можело да предизвика глобални трговски реакции и зголемени трошоци, предупредуваат економистите.

Поврзани содржини