Ево ти га нá, Зоки!

Oн ќе дал оставка … Која ќе му биде прифатена откако истрагата ќе утврди кој е виновен за поразот на СДСМ. Тоа е таа муртинска политичка школа, драги мои другарчиња. Заев ве уценува. Ви вели – паѓам јас, паѓате и вие! Кој е луд да ја прифати уцената, нека повели. Паметните ќе му одговорат со неговиот омилен гест.

19,156

Сите вие што се секирате, ич да не му се секирате!

Сите вие што се радувате, да не се радувате!






Зоки Заев нема да поднесе оставка ако ги изгуби локалните избори. А веќе ги изгуби. И ќе ги доизгуби на 31 октомври.

Он ќе дал оставка. И цела влада ќе дала оставка. Иди бегај бре!

Уште не го научивте муртинецот? Уште не ве излажал? Со ручето на градите?

Што бидна со камшикарот? А со метлата? Што бидна со сите други негови ветувања?

Зоки Заев не си стои на зборот!

Ви реков еднаш, тој е човек кој не игра според ниту едни познати правила на игра. Да играте со него е како да играте шах со мајмун – ќе ви се смее, ќе цивка па ќе врска, ќе рипа на столчето, ќе ви краде фигури и на крајот ќе ви ја растури таблата.

Најмногу што може тој да стори после поразот е да поднесе некаква лажна оставка. Како онаа на Венко Филипче. Која ќе биде прифатена или отфрлена дури откако ќе заврши истрагата за тоа кој е виновен за поразот.

А истрагата, нормално, ќе покаже дека виновен е продужниот кабел. Кој ќе биде кабелот? Љупче Путеро можеби?

Преслушајте ја внимателно изјавата на Заев, тој ја квачи веќе трет ден. Зборот оставка не го спомнува. Тој вели дека ако СДСМ ги изгуби Скопје и поголемиот број општини, тој и владата немало да можат да влече напред.

Ја мајката!

Што ви кажува уште Зоки? Тој како премиер и неговата влада нема да можат да влечат напред ако локалната власт е во рацете на опозицијата.

Знаете ли што ви кажува, всушност, муртинецот? Ви вели дека сака да владее апсолутистички, или никако поинаку!

Во многу демократски земји централната власт е во рацете на едни партии, а локалната власт во рацете на други. Па не пропаѓаат и одат напред. И во Македонија сме имале периоди кога централната власт била во рацете на едни, а локалната власт во рацете на други. Сме имале влада предводена од една партија, претседател предложен од друга. И?

Во такви околности, властите, уставно поделени, меѓусебно кохабитираат. Политичките партии се натпреваруваат, но и соработуваат. Се обединуваат за стратешките прашања. Така функционираат демократските и цивилизирани општества.

Сево ова за Зоки наш е виша математика. А ваму тртља за некакво обединување. Пак лаже, по обичај …

Заев ни кажува дека не може да владее, ако сите лостови на власта не се во негови раце. И да знаете дека е така. Малку му е владата. Малку му е ова парламентарно мнозинство, му треба поголемо, му треба двотретинско, за да го исполни она што им го ветил на оние од надвор што не смее да ги лаже. Му треба и контрола врз правосудството. Му треба и доминација во медиумите. Сега очајно ги бара и општините.

Он е како батко Ѓорѓија – сè сака да је његово!

Тоа е таа муртинска политичка школа, драги мои другарчиња.

Кога ви вели „ол ин“, тоа не е челенџ, туку уцена. Ви вели – сите вие што сте со мене (ол) сте внатре (ин) во приказнава! Паѓам јас, паѓате и вие!

Зоки е во паника. И затоа ве уценува сите, другарчиња. Ви пишува писма, ви праќа пораки, бара и вие да се коцкате заедно со него, всушност за него.

Кој е луд да ја прифати уцената, нека повели!

Паметните ќе му одговорат со неговиот омилен гест. Ево ти га на!

Инаку, сите знаеме дека Зоки Заев веќе не може да влече напред.

Зоки е товарот на СДСМ, тој ја влече партијата кон дното. Самиот си кажа. Тој е сидрото на СДСМ, сидрото на владата, сидрото на Македонија.

А сидро не влече напред. Сидрото влече удолу, се збрцува во милта и бродот веќе не може да мрдне напред.

Тој што ги џитна сидрото да влече напред, тој нека тоне сега. Како капетан што последен го напушта бродот во неволја.

Затоа, да повторам, за да си запомните – сите што се секирате ич да не се секирате и сите што се радувате, да не се радувате!

Нема Зоки ни храброст, ни смелост, а богами ни дозвола од странците да се коцка и да предизвикува политичка криза во Македонија. Нема да му биде дозволено, поради неговите лични хирови, оваа земја да ја дели и да ја дестабилизира.

Зоран Заев веќе ги изгуби овие избори. На 17 октомври тој го попи. Ќе го попие и на 31 октомври. Ќе биде несреќен. Потоа ќе возат со Венко моторчиња два-три дена, за да се утешат и да се издуваат. И после ќе мора да се појави на работа, зашто ќе му се јават по телефон тие што треба да му кажат што се прави во вакви прилики.

Знаете ли што ќе му кажат?

Дечко, ајде олади!

И поразите се составен дел од животот. Тие се како вакцини, произведуваат антитела и имунитет против апсолутната власт, која апсолутно ги расипува луѓето.

Зоки ја прими првата доза. И таа врши работа, бездруго. Но, посигурно ќе биде кога ќе ја прими и втората доза. Ќе добие и сертификат за изгубени избори. А вгодина, здравје боже, ќе му опнеме и трета, бустер доза.

Јеби га, Зоќе, дојде животот! И ние да видиме малку од убавината на демократијата …

 

Поврзани содржини