ЕВН ДА ВОСПОСТАВИ АВТОМАТСКА ИСПРАВКА НА ПАУШАЛНИТЕ ФАКТУРИТЕ НА ТРИ МЕСЕЦИ Инженери на Македонија поднесе нова претставка до надлежните
Повод за претставката, велат од ИНРМ, е досегашната практика на ЕВН Хоум за издавање на паушални фактури и префрлање на целата разлика во еден месец, што предизвикува неправедни, зголемени сметки за граѓаните. Оваа практика, додаваат е спротивна на Законот за енергетика.
Доследна примена на член 185 став (2) од Законот за енергетика, кој обврзува снабдувачот по автоматизам да издава коригирани фактури еднаш на три месеци, кога сметките се изготвени врз основа на проценета потрошувачка, бара Инженери на Република Македонија (ИНРМ) во новата претставка до надлежните институции.
Претставката, како што соопштија од ИНРМ, е испратена до Регулаторната комисија за енергетика, Министерството за енергетика и ЕВН.
ИНТМ бара и да се спроведе инспекциски надзор.
Повод за претставката, велат од ИНРМ, е досегашната практика на ЕВН Хоум за издавање на паушални фактури и префрлање на целата разлика во еден месец, што предизвикува неправедни, зголемени сметки за граѓаните. Оваа практика, додаваат е спротивна на Законот за енергетика.
-Во месеците јуни и јули на поголем број на домаќинствата им се испорачуваа пониски сметки врз основа на проценета потрошувачка, а во август, по извршеното отчитување и порамнување, целата разлика е префрлена во еден трисетдневен пресметковен период. На тој начин, потрошувачката во висока тарифа се пресмета во повисоките тарифни блокови, што резултираше со значително поголеми износи на фактурите – објаснуваат од ИНРМ.
Граѓаните можат да добијат исправка на ваквите фактури само ако индивидуално поднесат приговор, што е спротивно на законот.
-На овој начин потрошувачите се ставаат во нерамноправна положба и трпат финансиска штета. Ако оваа практика продолжи, во грејната сезона домаќинствата ќе се соочат со значителни и неоправдани трошоци – велат од ИНРМ.
За полесно утврдување на евентуалната штета, може да се искористи едноставниот калкулатор преку кој секое домаќинство може да провери дали е оштетено со паушалното фактурирање за период од три месеци.