ЕВЕРТОН МУ ЈА ПОКАЖА ИЗЛЕЗНАТА ВРАТА НА ЛАМПАРД Англичанецот не победил уште од лани

Лампард го презеде кормилото на Евертон пред помалку од една година на 31 јануари 2022 година.

231

Френк Лампард денеска треба да се повлече од функцијата менаџер на Евертон.

Според „Sky Sports”, одлуката за отказ на 44-годишниот специјалист е веќе донесена. Се очекува Евертон денеска да го објави заминувањето на Лампард како менаџер.






Лампард го презеде кормилото на Евертон пред помалку од една година на 31 јануари 2022 година.

„Карамелите” од Ливерпул се наоѓаат на 19. место на табелата во Премиер лигата, со ист број бодови како и последно пласираниот Саутемптон.

Тимот нема победа од 22 октомври – тогаш Евертон го совлада Кристал Палас (3:0) во натпреварот од Премиер лигата. Оттогаш, тимот има 8 порази и 2 нерешени на 10 натпревари.

Следниот натпревар Евертон ќе го одигра на 4 февруари против лидерот Арсенал.

Поврзани содржини