Евертон го суспендираше играчот кој е под истрага за педофилија

Според „Мирор“, станува збор за играч кој заработил богатство низ кариерата откако направил неколку мултимилионски трансфери менувајќи клубови во изминатите години.

211

Премиерлигашот Евертон на својата официјална веб-страница информира за отстранување од тимот на фудбалер кој е под истрага за сексуален престап.

– Потврдуваме дека суспендиравме играч од првиот тим во очекување на полициска истрага. Клубот ќе продолжи да ги поддржува властите во нивните истраги и нема да дава никакви други изјави во овој момент, се вели во соопштението.






Претходно „Сан“ објави дека фудбалер на клубот од Ливерпул е уапсен под сомнение за сексуални злосторства врз деца.

Според весникот „Мирор“, станува збор за обвинение за педофилија. Идентитетот на фудбалерот не смее да биде обелоденет, но британскиот весник објави дека станува збор за 31-годишен играч во чиј дом бил извршен претрес во петокот, по што играчот бил спроведен во полициска станица. Според „Мирор“, станува збор за играч кој заработил богатство низ кариерата откако направил неколку мултимилионски трансфери менувајќи клубови во изминатите години.

Играчот во моментов е ослободен со кауција во очекување на понатамошна истрага.

Поврзани содржини