ЕВЕ ЗОШТО СИТЕ ПОЧНАА ДА ЈА СОЛАТ ЛУБЕНИЦАТА Пробајте, ќе се изненадите од одговорот!

Ако сакате да изедете парче сочна лубеница, а наидете на горчлива - додадете прстофат сол.

617

Солта е зачин кој може да го подобри вкусот на многу јадења, меѓутоа, често се користи за некои крајно неочекувани намирници, па така доколку сакате да ја истакнете аромата на кафето, на чоколадото можете да му додадете сол, а неодамна овој зачин беше предложен и за омиленото летно овошје и сите велат дека вкусот е неверојатен!

Ако сакате да изедете парче сочна лубеница, а наидете на горчлива – додадете прстофат сол.






Како солта може да го подобри вкусот на лубеницата?

Иако веќе има доволно чудни комбинации на храна, солта и лубеницата треба да ги додадете на тој список. Имено, доколку сакате посладок вкус на лубеницата, не додавајте шеќер наместо сол, бидејќи општо е познато дека солта ја намалува горчината.

Експертката за храна Барб Стаки има прилично добра теорија за тоа зошто ова функционира.

– Лубеницата има три вида вкусови. Слатко, кисело и горчливо, а сите се наоѓаат во нејзиното месо – рекла Барб за „Хафингтон пост“.

Горчината може да го потисне слаткиот вкус на лубеницата, поради што кога еднаш ќе ја посипете солта на лубеницата, таа делува така што ја потиснува горчината.

Иако солта би требало да ја прави лубеницата повкусна, можеби тоа нема да им се допадне на сите. Секако, и корисниците на Редит ја коментираа темата, некои се согласуваат дека тоа го подобрува вкусот, додека некои сметаат дека тоа е уништување на лубеницата.

Дали солта може да го подобри вкусот и на другите овошја?

Лубеницата не е единственото овошје што можете да го посолите за подобар вкус, истото можете да го направите и со јаболката.

Солта не само што ќе им го подобри вкусот, туку и ќе го спречи гниењето, а грејпфрутот е уште едно овошје со кое можете да го пробате овој трик.

Така, овој трик е исклучително ефикасен, но не секогаш функционира, така што, на пример, бананите и бобинките можат да имаат само полош вкус ако им се додаде овој зачин.

 

 

 

Поврзани содржини