Можеби ќе ве интересира
– Знам дека гледаа различни актери и јас очигледно бев меѓу нив. Сепак, мојата сакана, сега почината, сопруга тогаш ми рече… „Миличок, ако ти понудат да го игра Џејмс Бонд и прифатиш, нема да се омажиш за мене“ – му рекол Нисон на Корден.
Во 2009 година, Наташа Ричардсон почина на 45-годишна возраст од повредата на главата здобиена при скијање на Монт Тремблант, Квебек.
Љубовта меѓу Нисон и Наташа Ричардсон и понатаму останува очигледна 12 години по кобниот инцидент. Тој и неговиот најстар син Микил најдоа утеха кога работеа на заедничкиот филм „Произведено во Италија“ од 2020 година за татко и син кои се справуваат со смртта на мајката, односно на сопругата.
Сега, шансите на Нисон да го глуми агентот 007 полека се затвораат, ако тој воопшто и бил заинтересиран. На почетокот на оваа година, актерот за „Ентертејмент тунајт“ изјави дека има намера да се повлече од акционите филмови во блиска иднина, истакнувајќи дека имал „неколку во подготовка“ пред да биде подготвен да преземе други улоги.
