ЕВЕ ЗА ШТО ЌЕ СЕ БОРАТ ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ И БЕН АФЛЕК Како ќе се поделат 640 милиони долари?

Двојката наводно немала предбрачен договор, поради што целата нивна заработка во текот на нивните две години брак била класифицирана како „заеднички имот“.

1,325

Џенифер Лопез поднесе барање за развод од актерот Бен Афлек по помалку од две години брак. Предлогот беше поднесен во вторникот во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи кои сега се јавно достапни.

Џенифер Лопез поднела барање за развод без адвокат на и тоа на денот на нивната годишнина од бракот, 20 август.






Во документите се наведува дека двете страни се обврзани да споделуваат финансиски информации, вклучувајќи тековни приходи, трошоци, имот и долгови.

Медиумите забележуваат дека разводот е вреден 640 милиони долари, колку што е проценет заедничкиот имот на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Меѓутоа, не е познато дали сите пари се предмет на поделба.

Двојката наводно немала предбрачен договор, поради што целата нивна заработка во текот на нивните две години брак била класифицирана како „заеднички имот“.

Една од главните работи за која Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе мора да се договорат е вилата на Беверли Хилс вредна 60,85 милиони долари што ја купија минатата година. Наскоро поранешните сопружници ја огласиле за продожба куќата со 12 спални и 24 бањи за 65 милиони долари во јуни, а неодамна повторно ја ставиле на пазарот по реновирањето и сега за куќата бараат 68 милиони долари.

Вилата се протега на 3.500 квадратни метри, а сметката за данок на имот може да влијае на зголемената цена бидејќи Калифорнија ги оданочува куќите што се продаваат за најмалку 10 милиони долари за 5,5 отсто, објави ТМЗ минатиот месец.

Афлек се иселил од вилата во Беверли Хилс и купил куќа во Пацифик Палисадес за 20,5 милиони долари.

На Џенифер Лопез ова ѝ беше четврти брак, а на Бен втор и во секој имаа предбрачен договор, освен во овој. Очигледно мислеле дека овој брак ќе трае цел живот.

Сепак, според документите, Џенифер се откажала од издржување на сопругот и бара од судијата да му ја одбие таквата алиментација на Бен.

Да потсетиме, Џеј Ло официјално поднесе барање за развод од Бен Афлек, по што се појави нејзината папарацо фотографија на која е видно скршена поради разводот.

Во текот на овие неколку месеци се појавија бројни причини поради кои парот наводно се разделил, но вистината сè уште не излезе на виделина.

 

Поврзани содржини