ЕВЕ ВИ КРЕВЕТИ, СПИЈТЕ НА РАБОТА! Маск правел спални во канцелариите на Твитер, полицијата истражува

Додека полицијата на Сан Франциско го активира градежниот инспектор да провери што се случува во зградата, Илон Маск му е лут на градоначалникот што „ја напаѓа неговата компанија која обезбедува кревети за уморните вработени“.

844

Најбогатиот човек на светот почна да им гради импровизирани спални соби на своите вработени во Твитер во канцелариите на  компанијата. Магазинот Форбс напиша дека тоа се „скромни спални соби со неизработени душеци, непотребни завеси и огромни монитори за на нив да може да се одржуваат онлајн состаноци и конференции“.

Илон Маск, меѓу другото, се решил на ваквиот чекор откако вработена во компанијата се сликаше како спиела со вреќа по долгиот ден на „хардкор“ работа.






„Кога вашиот тим деноноќно притиска за да постави рокови, понекогаш #СпијтеКадеРаботите“, напишала девојката, која е менаџер за производи на компанијата.

Веста за спалните соби ја објави „Форбс“, а веднаш на тоа реагираше полицијата на градот Сан Франциско која поведе истрага. Илон Маск е бесен на истрагата на полицијата. Тој на Твитер напиша:

„Значи, градот Сан Франциско ги напаѓа компаниите кои обезбедуваат кревети за уморни вработени наместо да се погрижи децата да бидат безбедни од опасните лекови каков што е фентанилот. Каде се вашите приоритети господине градоначалник Лондон Брид!?“, напиша Маск и го означи со таг градоначалникот.

Весникот Вашингтон Пост успеал да добие изјава од полицијата за тоа до каде е истрагата. Според портпаролот Патрик Ханан никој не е над законот и се посатпува по жалба кој инаку стигнала до полицијата преку Твитер на сервисот 311. Ханан е портпарол на одделот за градежни инспекции.

„Треба да се погрижиме зградата да се користи како што е предвидено“, одговорил тој во е-мејл до Вашингтон Пост.

„Посегнуваме до претставници на зградите за да можеме да извршиме инспекција на локацијата како дел од нашата истрага. Ако откриеме дека пакетот 900 повеќе не ги исполнува правилата за градба, ќе издадеме известување за прекршување, кое ќе биде објавено на нашата веб-страница, но и на самото место на зграда, исто како и сите други известувања за прекршување“, пишува Ханан мислејќи на седиштето на Твитер на улицата Маркет број 1355.

„Сан Франциско ги третира сите поплаки и сопственици на имот исто“, додава портпаролот, истакнувајќи дека секој со „дополнителни информации или фотографии кои би ѝ помогнале на нашата истрага“ може да ги испрати до одделот преку е-пошта.

Поврзани содржини