📷 ЕВЕ ШТО ПРОНАЈДОА ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ Фотографии од опасниот отпад во Скопје
Фотографии од опасниот хемиски отпад кој повеќе од 10 години бил складиран во рамки на Институтот за јавно здравје во Клинички центар во Скопје.
Повеќе од 10 тони опасен хемиски отпад биле складирани повеќе од една деценија во рамки на Институт за јавно здравје, кој се наоѓа во комплексот на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според директорката на Институтот, Марија Андоновска, станува збор за лабораториски исцедоци и различни видови хемикалии, дел од нив лесно испарливи и запаливи, што претставувале потенцијална опасност.
Отпадот сега е безбедно отстранет и ќе биде транспортиран надвор од државата за уништување.
Директорката Андоновска на својот Фејсбук профил сподели фотографии складираниот отпад.






