Еве што открива говорот на телата на Кејт и принцот Вилијам за нивниот брак

Врската меѓу двајцата ја процени Карен Доналдсон, експерт за говор на тело од Велика Британија, врз основа на фотографии и видеа. Таа заклучи дека тие сѐ уште се многу заљубени еден во друг и уживаат да бидат заедно.

1,651

Помина една деценија од нивната венчавка во пролетта 2011 година. Во меѓувреме, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат три деца и безброј пати се најдоа на насловните страници.

Врската меѓу двајцата ја процени Карен Доналдсон, експерт за говор на тело од Велика Британија, врз основа на фотографии и видеа. Таа заклучи дека тие сѐ уште се многу заљубени еден во друг и уживаат да бидат заедно.






– На фотографиите од нивната годишнина се гледа комплетно ново ниво на удобност меѓу двајцата. Начинот на кој Кејт ја стави главата на градите на принцот даде сигнал дека му верува, дека се чувствува безбедно со него и, во тој момент, сака да биде близу до него. Нејзината глава е целата на неговите гради. Нејзината насмевка ги покрива целото лице, усните и очите, што ни кажува дека тоа е вистинска насмевка – објасни Карен.

 

И на Вилијам може да се види дека тој сè уште ужива во нејзиното друштво.

– И неговата насмевка го покрива целото лице; очи, образи и усни, што укажува на тоа дека неговата насмевка е искрена. Позицијата на раката и телото на Вилијам откриваат дека му е пријатно со Кејт. Прегратката е опуштена, што значи дека имаат високо ниво на поврзаност и удобност еден покрај друг – вели Карен.

– Вилијам природно се наведнува кон неа, неговото однесување е лежерно, од што може да се заклучи дека на него му е многу пријатно покрај својата сопруга и тие се пријатели – додаде таа.

 

А, начинот на кој Кејт ја држи за рака открива колку еволуирала нивната врска.

– Начинот на кој ги држи прстите кажува дека сака да биде близу до него и дека е солидна потпора. Ова е промена од фотографијата кога се вериле направена од Марио Тестино, објавена во 2010 година. Тогаш Кејт ја стави раката на градите на Вилијам, што може да се протолкува како знак на сопственост, како да го бара правото на тоа – објасни таа.

фото: EPA/STR ***UK OUT***

– Врз основа на говорот на телото на таа свршувачка фотографија, во однос на сегашното време, може да се види дека тие повеќе не ја покажуваат јавно својата љубов. Нивната врска е природна и тие лесно влегуваат едни во други во личниот простор. Нивните пози се порелаксирани, помалку опремени – продолжи овој експерт и коментира што открива допирањето на главите од фотографијата на свршувачката.

– Допирањето на главата е визуелен знак кој сигнализира љубов, доверба и блискост. Сепак, на овие фотографии позата не е толку природна, се гледа дека намерно застанале. Исто така, Вилијам делува како еден вид штит на својата идна сопруга, неговата прегратка е заштитничка, тој се гледаше себеси како нејзин заштитник. Неговите раце се целосно на грб, а бидејќи нашите грбови се едни од најранливите области, принцот имитира штит и покажува како ја штити својата љубов – објасни Карен.

Таа спомена дека двајцата денес изгледаат поприродно и порелаксирано отколку на почетокот на врската, што е на некој начин нормално.

Кејт и Вилијам направија симпатично видео за себе и за своите малечки:

 

Поврзани содржини