Еве колку вакцините на АстраЗенека и на Фајзер го намалуваат ризикот од смрт

Со оглед на понудата и изборот на вакцини против коронавирусот, една доза од било која вакцина приближно дава заштита од 80 отсто од смрт.

1,534

Според податоците за примената на вакцината на АстраЗенека, со една доза се постигнува 80 отсто помал ризик од смрт предизвикана од коронавирусот, соопшти јавното здравство на Велика Британија (ПХЕ).

Се нагласува и дека новата анализа покажува дека заштитата од смрт со вакцината на Фајзер/Бионтек се зголемува од приближно 80 отсто по првата доза на 97 отсто по втората доза..






Државната агенција за јавно здравство објавила дека студијата за заштита од смртност која ја овозможува вакцината на АстраЗенека се темели на реални податоци.Со истражувањето земени се предвид симптоматските случаи на болеста ковид-19 откриени помеѓу декември и април и починатите во рок од 28 дена од позитивен тест со оглед на статусот на вакцинација.

– Со оглед на понудата и изборот на вакцини против коронавирусот, една доза од било која вакцина приближно дава заштита од 80 отсто од смрт – се наведува во соопштението на ПХЕ.

Заштитата од смртност која ја овозможува вакцината на Фајзер/Бионтек е зголемена на 69 отсто за тие кои ја примиле втората доза најмалку една недела пред да бидат позитивни. Земајќи ја предвид почетната процена на заштита од зараза со коронавирусот, станува збор за 97 отстотна ефикасност на вакцинарта, соопшти ПХЕ.

Анализирајќи го другиот збор податоци ПХЕ напоменува дека се проценува дека две дози од вакцината на Фајзер го намалува ризикот од хоспитализација за 93 отсто за луѓето постари од 80 години.

Поврзани содржини