Еве колку вакцини против ковид-19 се во завршна фаза ширум светот

Светската здравствена организација бара во клиничките испитувања да биде потврдена ефикасноста на вакцината од најмалку 70 отсто, американската Управа за контрола на лекови од 50 отсто, додека Европската агенција за лекови соопшти дека би можела да прифати понизок степен на ефикасност на вакцината.

861

Фармацевтските компании и истражувачки центри ширум светот работат на развој на вакцина против ковид-19, а во тек се обемни глобални клинички испитувања на кандидати во кои учествуваат над десетина илјади доброволци, пренесува Ројтерс.

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БионТек“ на 18 ноември објавија дека во завршна фаза на клиничкото испитување на нивната вакцина е потврдена ефикасност од 95 отсто, најмногу од сите останати кандидати.






Друга американска компанија „Модерна“ на 16 ноември соопшти дека доцната фаза на клиничките испитувања на голем број доброволци покажала дека нејзината вакцина е ефикасна 94,5 отсто.

Руската вакцина „Спутник V“, прва во светот која е регистрирана, покажала ефикасност од 92 отсто во доцната фаза на клиничките испитувања, а овие резултати објавени се на 11 ноември.

„АстраЗенека“ во понеделникот соопшти дека нејзината вакцина против коронавирусот, на чиј развој работат научници од Универзитетот во Оксфорд, би можела да покаже ефикасност од 90 отсто без какви било сериозни несакани дејства.

Од компанијата „Џонсон Џонсон“ соопштија дека се на пат резултатите од испитувањата на вакцината да ги откријат до крајот на годината.

Во раните испитувања стапката на заразеност меѓу доброволците била мала, но подоцна во текот на есента пораснала, со порастот на бројот на нови случаи ширум светот.

Резултатите на последната фаза на „Фајзеровите“ клинички испитувања покажуваат дека меѓу 43.000 доброволци коронавирусот е потврден кај 170.

„Модерна“ пријавила 95 случаи на зараза меѓу учесниците во подоцната фаза на клиничките испитувања, Русија 20, а „АстраЗенека“ 131.

Светската здравствена организација бара во клиничките испитувања да биде потврдена ефикасноста на вакцината од најмалку 70 отсто, американската Управа за контрола на лекови од 50 отсто, додека Европската агенција за лекови соопшти дека би можела да прифати понизок степен на ефикасност на вакцината.

„Фајзер“ и „БионТек“ во наредните денови планира да се пријави за добивање дозвола за итна употреба во САД.

„Модерна“ исто така има намера да се пријави за добивање дозвола за итна употреба во наредните недели. Тоа би требало да се случи во втората половина на ноември, штом поминат два месеци за добиените податоци за безбедноста на вакцината меѓу учесниците на испитувањето, како што пропишува американската Управа за храна и лекови.

Тоа значи дека малку е веројатно дека Управата за храна и лекови ќе донесе одлука пред декември.

„АстраЗенека“ во понеделникот соопшти дека веднаш ќе подготви извештај за резултатите на испитувањето кое ќе го поднесе на надлежните органи ширум светот за да добие условна или работна дозвола.

Надлежните тела ширум светот, податоците за вакцините ќе ги разгледа штом тие ќе станат достапни, но се уште не е јасно кога агенциите ќе донесат одлука.

Кина уште во јули почна со вакцинација на вработените во секторите кои се под висок ризик од зараза со коронавирусот. Во таа земја досега се вакцинирани стотина илјади луѓе.

Најмалку четири кинески вакцини се уште се далеку од завршната фаза на клиничките испотувања, вклучувајќи ги и тие на чиј развој работи „ЦНБГ“, „Кансино Бајологикс“ и „Синовак бајотек“.

„Синовак“ на 18 ноември соопшти дека средната фаза на клиничките испитувања потикнала имун одговор кај доброволците, но дека нивното ниво на антитела на вирусот е помал отколку кај луѓето кои се излечиле од ковид-19.

„ЦНБГ“ очекува дека во текот на месецов да објави резултати од раната фаза на клиничките испитувања.

„Спутник V“ ја примиле околу 10.000 граѓани на Русија кои се под ризик од зараза со коронавирусот.

Поврзани содржини