🎥 „ЕВЕ КОИ ПЕСНИ МИ ДОНЕСОА РАДОСТ“ Кралот Чарлс слуша Марли и Грејс Џонс

369

Британскиот крал Чарлс се појави во радио шоуто на Apple Music The King’s Music Room, споделувајќи со слушателите својата листа на омилени хитови, вклучувајќи диско, реге и афробит.

Од песните на реге легендата Боб Марли и австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног, Грејс Џонс, како и поновите уметници Давидо и Реј, кралот Чарлс откри дел од музиката што му донесе радост низ годините и го формираше саундтракот на неговиот живот.






– Во текот на мојот живот, музиката ми значеше многу. Таа ја има таа извонредна способност да враќа среќни спомени и да нѐ утеши во време на тага и да нѐ однесе на далечни места – вели Чарлс во трејлерот кој  е снимен во Бакингемската палата.

На плејлистата има 17 песни избрани од британскиот монарх насловена „Музичката соба на кралот“ (The King’s Music Room), а емисијата ќе се прикажува в понеделник наутро, на националниот празник на Велика Британија – Денот нa Комонвелтот, годишната прослава на доброволното здружение на 56 нации што еволуирале од британската империја, чиј лидер е тој сега.

Кралот раскажа бројни анегдоти од неговите средби со некои од уметниците и откри кои одбрани песни го формирале саундтракот на неговиот живот.

– Ова е она што особено сакав да го споделам со вас, тоа се песните кои ми донесоа радост – вели кралот.

Поврзани содржини