Еве кога ќе се одржи фестивалот „Егзит“
Усвоивме препорака Егзит да се одложи за август, бидејќи очекуваме дека до тогаш ќе биде целосно мирна ситуацијата во цела Европа - истакна Брнабиќ пред новинари во Нови Сад.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека е усвоена препорака фестивалот Егзит да се одржи во август.
– Усвоивме препорака Егзит да се одложи за август, бидејќи очекуваме дека до тогаш ќе биде целосно мирна ситуацијата во цела Европа – истакна Брнабиќ пред новинари во Нови Сад.
Таа додаде дека целта на препораката е „фестивалот да се помести, а не да се откаже“.