ЕВЕ КОЈ ВО СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ БИДЕ БЕЗ СТРУЈА, А КОЈ БЕЗ ВОДА Отстранување дефект ќе остави Центарци жедни
Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре, понеделник, 22 август, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. Ѓорѓи Капчев подулица бр.1. во општина Аеродром;
– од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од делови од улиците Клетвеник, Бапчор, Јани Лукровски, Вамбел и Лазар Поп Трајков во општина Гази Баба;
– од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Анкарска, зграда бр. 9. во општина Карпош.
По добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, РЦУК ги известува граѓаните дека:
– утре, понеделник, 22 август, поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм, на крстосницата од улиците Дебарца и Борка Талевски, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците Дебарца, Борка Талевски, Никола Тримпаре и Коста Кирков, во општина Центар.