Еве кој ќе ѝ суди на Македонија против Австрија
Екберг го носи знакот на ФИФА од 2013 година, во кариерата ја деле правдата на 72 меѓународни натпревари.
Швеѓанецот Андрес Екберг ќе биде главен судија на мечот Македонија-Австрија на Европското првенство.
Екберг го носи знакот на ФИФА од 2013 година, во кариерата ја деле правдата на 72 меѓународни натпревари.
На Екберг ќе му помагаат сонародниците Мехмет Кулум и Штефан Халберг, а четврти судија ќе биде Сергеј Карашев од Русија. Главен во ВАР-собата ќе биде Германецот Бастијан Данкерт.