Одложување на кредитите ќе можат да добијат само оние кои:
– Еднорогот им е повреден на левото копито, за што ќе треба да поднесат и конзилијарно мислење.
– Починати од корона, со гаранција дека за шест месеци ќе станат и ќе продолжат со враќање на кредитот.
– Родители чие трето дете се вика Игор и е родено кога Марс е во Водолија, при што ќе мора да се заколнат во мајка или старател.
– Борците од Кресненското востание со чин понизок од полковник.
– Оние што земаат странска пензија од Мозамбик, Замбија или од Конго, не помала од 120 и не поголема од 124 евра.
(ФБ статус на авторот, кликбајт наслов редакциски)