🎥 ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА ХРВАТСКА НА ЕВРОВИЗИЈА Петте девојки од групата „Лелек“ ќе се обидат да обезбедат значаен пласман на евровизиската сцена во Виена

Формирана во 2024 година, „ЛЕЛЕК“ гради препознатлив музички идентитет преку спој на хрватската традиционална музика и современ поп-израз, со силен визуелен концепт и сценска драматургија.

0

Петчлената група „ЛЕЛЕК“ триумфираше на годинашното издание на хрватскиот избор за песна на Евровизија – „Дора“ и во мај ќе ја претставува Хрватска на евровизиската сцена во Виена.

Со песната „Андромеда“, групата освои вкупно 173 поени од публиката и од стручното жири во финалето, оправдувајќи ја својата улога на фаворит што ја имаше уште од почетокот на фестивалот.






Непосредно по прогласувањето, девојките не ги криеја емоциите, а на прес-конференцијата зборуваа за чувството по победата.

– Горда сум на нас затоа што навистина се потрудивме, дадовме сè од себе за ова. Иако, лично за мене, чувството е многу чудно – како да сонувам… Се исплатеше сè што работевме. Ќе се потрудиме уште повеќе да вежбаме и да ја претставиме Хрватска на најдобар можен начин – изјави Корина Оливија Рогиќ, членка на групата.

Инаку, „ЛЕЛЕК“ и минатата година настапи на „Дора“ со песната „The Soul of My Soul“, но без една од сегашните членки, Инка Вечерина Перушиќ, за која ова беше прво искуство на фестивалот.

– Девојките се обидуваа да ме подготват за сè, бидејќи тие веќе го имаа поминато тоа искуство. За мене многу работи беа непредвидливи. Добро ме подготвија. Мислам дека ништо не може да се спореди со ова чувство сега – сите пет ја делиме истата емоција, огромна гордост – порача таа, упатувајќи пофалби и до останатите кандидати што се натпреваруваа во финалето.

Формирана во 2024 година, „ЛЕЛЕК“ гради препознатлив музички идентитет преку спој на хрватската традиционална музика и современ поп-израз, со силен визуелен концепт и сценска драматургија.

Со песната „Андромеда“, групата ќе се обиде да обезбеди значаен пласман за Хрватска на евровизиската сцена во Виена.

Поврзани содржини