Еве која вакцина предизвикува најмногу несакани ефекти

Повеќето навеле дека имале главоболка, температура, замор, болки на местото на апликацијата, болка во мускулите, мачнина, грозница. Температурата е пријавена како најчест несакан ефект.

1,195

Австриската сојузна служба за безбедност во здравството, објавила дека најмногу несакани ефекти од вакцините, кои во таа земја се на располагање, предизвикува вакцината на компанијата АстраЗенека.

Таа вакцина предизвикува несакани ефекти кај 14,9 отсто случаи на 1.000 вакцини. Кај вакцината Бионтек-Фајзер тоа е случај кај 3,79 отсто, а кај Модерна 5,71 отсто. Со вакцината на АстраЗенека вакцинирано е 3.961 лице, а пријавени се 59 несакани ефекти.






Повеќето навеле дека имале главоболка, температура, замор, болки на местото на апликацијата, болка во мускулите, мачнина, грозница. Температурата е пријавена како најчест несакан ефект.

Во повеќе болници ширум Австрија медицинскиот персонал одбива да ја прими вакцината на АстраЗенека, поради несаканите ефекти, но и поради наводно послабото дејство, пред се против новите соеви.

Поврзани содржини