🎥ЕВЕ КАКВА Е АТМОСФЕРАТА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО БЕЛГРАД Вучиќ за вечерва најави вонредно обраќање

Претходно пред Собранието имаше инцидент, а студентите ги повикаа присутните да го напуштат тој простор.

691

На социјалните мрежи се споделуваат бројни видеа од атмосферата на протестите во Белград, кои се одржуваат на Славија.






Претходно пред Собранието имаше инцидент, а студентите ги повикаа присутните да го напуштат тој простор. Студентите објавија дека биле гаѓани со камења и со шишиња од насока на Пионерскиот парк, каде се собрани и кампуваат студентите кои се противат на блокадите.  Српеските медиуми објавија дека после ова студентите кои се во блокада ги нападнале студентите во паркот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во 22 часот ќе се обрати пред јавноста.

Студентите порачуваат дека сите заедно треба да продолжат и да истраат во борбата со корупцијата. Тие бараат да проработат институциите во Србија.

Поврзани содржини