ЕВЕ КАКО СЕ „ШТЕДИ“ СТРУЈА! И во 9.30 часот блеска улицата Никола Тримпаре
Светлата си светат, општините иако тонат во долгови и се жалат на високите сметки, си спијат и не реагираат.
Кога ќе им светне дека треба да ги исклучат светилките?
Општо е познато дека уличните светилки низ скопските улици си светат и кога денот веќе длабоко навлегол во претпладнето. Така, на улицата Никола Тримпаре во Центар, сите улични светилки блескаа и во 9.30 часот утрово. Истата слика пред некој ден можеше да се види на Боемска улица.
Светлата си светат, општините иако тонат во долгови и се жалат на високите сметки, си спијат и не реагираат.
Ете како се „штеди“ струја, особено пред прагот на прогласувањето нова енергетска кризна состојба и кога цената на струјата урива рекорди.