За ситуацијата со коронавирусот треба да се има нерви. Не е лесно со денови или месеци да се седи во стан и ништо да не се прави. На луѓето животите им се променија, но поснаодливите сепак не дозволуваат вирусот да им ги уништи деновите поминати во изолација.
На еден човек во карантин за да не му биде досадно на својот балкон донел автомат за кладење. Прашање е како му успеало тоа, но важно е дека очигледно не му е досадно.