Еве како се чува Трамп: Прво правиш тест, за 15 минути добиваш резултат и после се среќаваш со претседателот на САД

4,677

Нема средба со американскиот претседател без тестирање за ковид-19, открива „Вашингтон пост“. Најблиските соработници на Доналд Трамп се тестираат еднаш неделно, а често се тестира и целиот персонал во Белата куќа.

Тестирањето се врши во западното крило на Белата куќа, со тест развиен од Abott Laboratories. Оваа компанија произведува 50.000 тестови дневно.






Еден посетител опишал како изгледа тестирањето. Медицинска сестра му зема брис од носот на посетителот и за помалку од една минута примерокот го става во машината за анализа. Мецицинскиот персонал за 15 минути ги известува тестираните чии резултати се позитивни. Се разбира, само тие со негативни резултати можат да се најдат во близина на Трамп.

Интересно е дека тестовите за кои станува збор се брзи, но се молекуларни, што ќе рече откриваат акутна инфекција. Форбс пишува дека до сега Abott Laboratories во сите сојузни држави имаат доставено 566.000 вакви тестови. Компанијата планира до јуни да го згиолеми производството на 2 милиони тестови месечно.

Експерти предупредуваат дека ниту еден тест не е стопроцентно сигурен и инсистираат на поостри мерки на безбедност во Белата куќа. Наспротив нив, Трамп се уште одбива да носи заштитна маска.

Поврзани содржини