Еден ден кај фризерот дошол цвеќарот на потстрижување. Кога дошло време да плати, фризерот му рекол: „Не треба, пријателе, оваа недела работам од задоволство“. Утредента фризерот пред дуќанот нашол петнаесет рози.
Друг пат, во фризерницата дошол пекарот. И нему фризерот не му зел пари. Утредента пред фризерницата фризерот затекнал петнаесет вкусни крофни.
Конечно, во фризерницата дошол и пратеникот. И на него фризерот не му наплатил. Утредента пред фризерницата го чекале петнаесет секретарки, шофери и чиновници – сите дојдени на бесплатно шишање!