Еве како коронавирусот се шири во супермаркет ВИДЕО

Дури и по неколку минути, како што може да се види во снимката, голем број од честичките остануваат залепени на полиците во супермаркетот, а облакот со заразата преминува и на другите полици.

3,326

Застрашувачка 3Д анимација прикажува како респираторните капки од едно кашлање на човек заразен од коронавирусот можат да заразат луѓе кои се прилично одалечени од заразениот. А целото тоа дејство се одвива во супермаркет.






Оваа компјутерска симулација покажува како ковид-19 од устата на инфициран човек патува во затворениот простор и како вирусот останува во просторијата дури и откако заразениот излегува надвор.

Дури и по неколку минути, како што може да се види во снимката, голем број од честичките остануваат залепени на полиците во супермаркетот, а облакот со заразата преминува и на другите полици.

Пораката на научниците кои ја создале оваа симулација е дека најдобар начин да се заштитиме од коронавирусот е воопшто да не влегуваме во продавници каде што во моментот има многу купувачи.

Поврзани содржини
na