📷 ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ПАТОТ ФАРИШ-ДРЕНОВО Изградени се 21 мост и 11 потпорни ѕидови
Со пуштањето на експресниот пат Градско-Дреново во должина од 26 км го скратуваме времето на патување кон Прилеп, Битола, Ресен и чувствувам огромна радост и задоволство затоа што со заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и во присуство на бројни гости, пратеници, градоначалници, ја пуштивме во употреба делницата Фариш-Дреново, во должина од 10,2 км., истакна Коце Трајановски, директор на ЈП „Државни патишта“.


„Вложивме натчовечки напори да ги совладаме препреките на кои наидовме затоа што проектот беше закочен. Овој експресен пат започна да се гради далечната 2016 година и наместо да се заврши во предвидениот рок, во 2018 договорот со иведувачот Рубау бил раскинат, па потоа повторно започнат да се гради во 2021 со рок на изведба до 2023, но и тој рок бил одложуван за сега конечно да го завршиме она што некој друг не успеал со години да го заврши! Инаку, овде на оваа делница од само 10,2 км имаме 1 тунел со две цевки, 21 мост, 11 потпорни ѕида, 1 вијадукт, 7 АБ конструкции, бројни подпатници, цевасти пропусти и 1 кружен тек на постојниот пат со клучка Дреново. Реализирана е изведба на ободни канали, регулација на реката на неколку потези, заштита на косини, поставена е заштитна ограда, хоризонтална и вертикална сигнализација и друга патна опрема, а вкупната вредност на проектот достигна 44,74 милиони евра средства обезбедени со заем од ЕБОР“, објави Трајаноски на Фејсбук.